Веројатно не постои маж на планетата кој не би сакал во својата гаража и на автопат да има еден супер спортски автомобил од палетата на Lamborghini.
Но, ако се земе предвид дека за најефтиниот примерок, Lamborghini Urus SE, треба да издвоите околу 240.000 евра, ова за најголемиот број “смртници” ќе остане само убав сон.
Сепак, ако немате четврт милион евра, а сакате да имате некој брендиран примерок со разиграното коњче од СантАгата Болоњезе, во Lamborghini се потрудија да направат машки парфеми, во соработка со Италијанската парфимерија Xerjoff.

Изработени се три примероци со имињата Avanguardia, Fierezza и Perseveranza, сите со свој посебен идентитет и арома.
Секој парфем е спакуван во луксузна кутија, а во неа е сместено и мало парче обоена кожа со кое се тапацира внатрешноста на автомобилите со заштитното лого на Lamborghini.
Се разбира, сето ова доаѓа со цена.
Perseveranza чини 490 евра, Fierezza 515 евра и врвниот парфем Avanguardia 550 eвра .













