Со LIQUI MOLY во Нурбургринг во живо!

54

Германскиот производител на моторни масла, адитиви и сервисни препарати LIQUI MOLY, како официјален спонзор на тркачкиот клуб Black Falcon, организираше специјален евент за своите клиенти од Македонија, на кој со задоволство, учествувавме и ние.

Настанот се организираше на Трката – 24 Часа Нурбургринг во Германија, која се одржа викендот (16-17.05.2026 година) и имаше огромен публицитет во германската јавност.

Дваесет и четиричасовната трка во “Зелениот пекол” како што уште се нарекува оваа патека и која меѓу возачите е позната како ислучително тешка патека која бара огромна концентрација и фокус, беше магнет за околу 300.000 посетители кои целосно ја распродадоа трката, купија сите билети и со огромен ентузијазам ја следеа автомобилистичката магија.

Околу стазaта долга 25 километри, фановите на спортските клубови кампуваа неколку дена, се забавуваа и со огромно внимание ја следеа секоја промена во пласманот на возачите.

Додека ја пишуваме оваа статија, длабоко во ноќта, на првото место на 24 часовната трка, сеуште е легендата на моторспортот Макс Верстапен, двократниот шампион на Формула 1, кој веројатно беше и една од главните причини за огромниот публицитет на овогодишниот 24 часовен спектакл .

Во изминатиот викенд, VIP гостите на LIQUI MOLY од повеќе европски држави, меѓу кои и нашата, можеа да уживаат во одлична забава.

Трката се следеше од специјални VIP лаунџ простории покрај патеката и од застаклената троспратна кула на ADAC и TUV Rheinland, а времето беше исполнето со одлична организација, забава и добра храна .

На овој спектакл, LIQUI MOLY Македонија ги поведе со себе најуспешните партнери во државата за минатата, 2025 година, а покрај трката на Нурбургринг, гостите на LIQUI MOLY имаа можност да ги посетат лабораторијата и фабриката за производство на моторни масла во Сарлуис.

Повеќе за целиот настан ќе следат во следните постови и во новата епизода на Темпо Магазин.

Реклама