Новиот Jeep Avenger!

317

Aмериканскиот бренд кој живее и пулсира под капата на Stellantis, Јееp, го претстави својот нов Avenger, и тоа во специјален момент – 85 години од постоењето на брендот.

Новите верзии на Avenger, адутот во B-SUV класата, веќе се продадени во околу 270.000 примероци, од кои 60% се електрифицирани.

Денес, Avenger кој е дизајниран и произведен во Европа, е најпродаваниот SUV во Италија, и еден од најпродаваните B-SUV модели во Европа.

Во поглед на дизајнот, она што прво ќе ви падне во очи е предницата.

Кај новиот Avenger ја имаме седум компонентната маска, која сега е подобрена со LED ретро осветлување, инспирирано од новиот Compass, што маската ја прави веднаш забележлива навечер.

Oвој мотив е достапен како стандардна опрема во повисоко опремените модели и се очекува да биде заштитен и јасно препознатлив потпис на брендот и автомобилите што следат во JEEP.

Возилото на повеќе точки по целата своја површина има заштитни елементи кои го истакнуваат и off-road карактерот на Avenger и имаат улога да ја заштитат каросеријата од механички повреди и оштетувања.

Избрани се и нови браници кои идеално се вклопуваат во сликата и нудат дополнителна оff-road заштита на возилото.

Достапни се нови, дијамантско сечени или обоени алуминиумски фелни со големина од 17 и 18 инчи, како и нови раткапни на кои е изработен профилен мотив на Jeep Willy.

Kлиентите имаа можност, покрај другото, да изберат и црн покрив со што може да го персонализираат својот Avenger и да ја искомбинираат црната со бојата на каросеријата.

И ентериерот е освежен. Применети се помеки материјали во панелите на вратите, 4xe моделите имаат нови и долгорочни зелени материјали.

Како што истакнуваат во Јeep, клиентите имаат целосна слобода да изберат мотор по нивна мерка.

Нов бензински турбо мотор

На располагање го имаат Турбо бензинскиот мотор со 3 цилиндри, 1.199 cm³ и моќност од 101 коњски сили, вртежен момент од 205 Nm спарен со 6 степен мануелен менувач.

За подолг животен век и надминување на проблемите кои во последно време беа синоним за бензинските мотори на Стелантис, вградено е ланче, а моторниот блок, клиповите и прстенчињата се дизајнирани за поголема робусност и контролирана потрошувачка на моторно масло.

Како што велат во Jeep, токму овј мотор во подготвителниот период поминал 30,000 часа на сериозни проверки на тест клупата кои репродуцирале секаков вид и стил на возење.

Како резултат, добиваме и нов сервисен интервал од 2 години или 25,000 km, што кај претходните мотори изнесуваше 20.000 km или секоја година.

Елетрифицирани модели

Останатите, како опција ги имаат хибридниот мотор 110-HP e-Hybrid, спарен со 6- брзински автоматски менувач со двојна спојка и интегриран електро мотор и 48 волтна Литиум јонска батерија.

Оние пак, кои сакаат возило со погон на сите тркала ќе го изберат моделот 4xe со 145 коњски сили, електрифициран DCT, и електричен мотор поставен на задната оска кој испорачува вртежен момент од 1,900 Nm на задните тркала

Оние пак кои го преферираат целосно електричното возење, може да го изберат Новиот Jeep Avenger модел со 156 коњски сили, бруто капацитет на батеријата од 54 kWh .

Оваа верзија нуди автономија само на струја до 400 км.

Како дел од опремата која ја нуди новиот Avenger, можеме да ги споменеме целосни-LED предни светла, автоматско долго светло, стартување на моторот без клуч, темпомат или круз контрол и автоматска регулација на клима уредот.

Тука е и инфотејнмнт системот со големина од 10”25 инчи, поврзан со Android Auto и Apple CarPlay, прилагодлив интерфејс и апдејти over-the-air.

Мобилната апликација – Jeep Mobile App им дава можност на клиентите да го лоцираат своето возило, да ги отклучат вратите, да го проверат нивото на наполнетост на батеријата, да го програмираат полнењето на батеријата и да ја активираат контролата на клима уредот директно преку нивниот паметен телефон.

Првиот модел на Jeep Avenger што ќе биде лансиран е јубилејниот модел “85th Anniversary New Jeep Avenger” кој својата инспирација ја црпи од долгата историја на брендот.

А на него има многу мотиви и логоа кои се врзуваат со 85-тиот роденден на Jeep.

Јубилејниот модел е веќе на продажба во европските салони.

Реклама