Слаткиот живот со Fiat 500 Dolcevita

252

FIAT за својот најиконски модел изработи нова специјална и лимитирана серија – New 500 Dolcevita Special Series која ке ја комплетира хибридната палета на Новиот 500.

Оваа варијанта е достапна само во Кабрио верзија, а е инспирирана од Италијанската ривиера и од софистицираниот Медитерански дух од 60-те години од минатиот век.

Надворешно, Специјалната Серија има сет на ексклузивни дизајнерски елементи како што се новите хромирани капачиња на ретровизорите, истакнатото странично лого Долчевита, нови 16 инчни алуминиумски тркала, специјална ткенина на ентериерот во сина боја и фул LED светла.

Од опремата специфична за овој модел можеме да ја споменеме и автоматската контрола на клима уредот, сензорите за дожд и задните сензори за паркирање.

Заедно со Dolcevita Special Series, FIAT го промовира и новиот 500 3+1, во кој има мала задна врата на сопатничката позиција која треба да го олесни пристапот во автомобилот на задната клупа.

Реклама