Шефот на Ферари пресреќен поради бурата што ја предизвика Luce

58

Неодамна, компанијата од Маранело, Ферари го лансираше својот прв електричен автомобил, под името Luce, што предизвика лавина на коментари и реакции, како веројатно ниту еден друг автомобил во минатото.

За волја на вистината, најголемиот број на коментари и реакции беа негативни.

Па сепак, Емануел Кaрандо, директорот за маркетинг, изјави дека е пресреќен поради глобалниот хајп што го предизвика Luce.

Иако менаџментот на компанијата очекувал поларизирана дебата, сепак и самите биле затечени од силата на реакциите и контроверзите, но наместо да паничиме, изјави Корандо, ние уживавме во огромна доза на бесплатен маркетинг.

Практично, насекаде се зборуваше само за новиот и првиот електричен Ферари.

“Не заборавајте,”-продолжи тој, “- и за Purosangue, кој беше лансиран пред четири години имавме многу коментари, од типот – Енцо ферари сигурно се превртува во гробот. A сега, Purosangue е веројатно најпосакуваниот автомобил на светот.”

Ние можевме, ако сакавме, само на Purosangue, да го извадиме V12 моторот и на негово место да ставиме електричен мотор. Но не го направивме тоа. Сакавме да направиме автомобил во кој, благодарение на специјалната архитектура, клиентите ќе извлечат максимум во комфор и уживање при возењето.

Тој ги одбрани и димензиите и надворешниот изглед, велејќи дека напред хаубата на Luce е многу кратка, за разлика од останатите Ferrari Модели, затоа што сакале возачот да го приближат до предната оска и тркала, што пак веднаш се одразува позитивно на влегувањето во свијоци.

На крајот, тој потенцираше и дека Ферари, не го наметнува Luce на своите клиенти.

Буквално е оставено на клиентите да изберат дали го сакаат или не.

Реклама