Nissan не испорачува возила во Америка

283

Откако на сила стапија екстремните царини за автомобилите од 25% на Трамп, Nissan ги запре порачките за нови автомобили кои се произведени надвор од САД.

Се работи за два модели на Infiniti ( Infiniti QX50 и  Infiniti QX555) кои се произведуваат во Мексико, и кои со новите царини ќе станат прескапи и неатрактивни за купувачите.

Од друга страна, од Nissan изјавија дека е донесена одлука да се задржат двете смени на работници во фабриката во Тенеси, која според најавите, планираше да укине една од смените во јануари.

Реклама