Сериозни промени во ентериерот на Chevrolet Corvette

187

Новата Corvette го покажа својот нов, освежен ентериер, во кој доминираат трите големи екрани (инструмент кластер од 14 инчи, инфотејнмент систем од 12,7 инчи и нов 6,6 инчен екран чувствителен на допир, додаден на левата страна од воланот).

Овој склоп на екрани делува навистина атрактивно, а она за што фановите на Corvette особено се среќни е што General Motors го слушнал нивниот глас и ги отстранил мноштвото копчиња во централната конзолата помеѓу возачот и совозачот.

Во централната конзола сега се поставени два отвори за чаши, USB-C порт и рачка за држење на совозачот (која може да е особено згодна ако возачот развие сериозна брзина на патот).

Со освежувањето, промени се направени само во ентериерот, надворешноста останува иста.

Доадени се само нови две бои – Roswell Green Metallic и Blade Silver Metallic.

Реклама