Колкав е просторот за складирање напред кај AUDI E5 Sportback

105

Простор за оставање багаж напред (англиски – Frunk) претставува релативно нов тренд кај модерните автомобили.

Но социјалните мрежи, веројатно со право, реагираа на фотографијата во која се гледа колкав е просторот наменет за складирање под предната хауба на новиот AUDI E5 Sportback кој беше промовиран на Саемот за автомобили во Шангај.

Најголемиот број прашања кои се вртеа по мрежите беа насочени кон прашањето – дали воопшто вреди да правите нешто вакво, кое не може да собере ниту кутија за чевли?

Овој автомобил треба да биде лансиран во Кина ова лето, а ова е првиот автомобил кој нема да го има препознатливото лого со концентрични прстени, туку го има само осветлениот знак AUDI.

Aвтомобилот ги има димензиите : должина (4,881 mm), широчина (1,959 mm) и височина (1,478 mm). Што значи дека е за 109 mm пократок од редизајнираниот A6.

Реклама