Во салонот на Макаутостар, овластен увозник и дистрибутер на Mercedes Benz за Македонија, имате ретка можност да го видите моделот Mercedes-AMG SL 63 4Matic+.

Станува збор за автомобил од лимитирана серија, произведена само во 100 примероци.
Опремен е со 4.0-литарски V8 битурбо мотор со 585 коњски сили и целосно променлив погон на сите четири тркала.
Бојата на автомобилот е изработена со специјална технолошка постапка, а го носи името MANUFAKTUR Kalahari Gold Magno.

SL серијата на Mercedes датира од 1950-те години, a AMG со задоволство ја продолжува традицијата внесувајќи свои препознатливи ултра спортски и луксузни елементи. Моделот има 2+2 седишта, и склоплив покрив направен од класичен материјал.
Кај секој порачан автомобил се можни бројни индивидуални и уникатни избори – од опремата, ентериерот, кожните седишта и слично…

На агресивната дизајнерска линија одлично се искомбинирани и мат-црни 21-инчни AMG forged тркала со 10 двојни краци
















