Citroën ја започнува продажбата на новиот Ami

327

Новиот Ami на Citroën вози на струја, има две седишта и е лесен за маневрирање, а книгите за порачки официјално ќе се отворат на 6ти Мај.

Со полн мотор, новиот Ami , може да помине 75 километри, по што ќе треба повторно да го полните. Полнењето на моторот на обичен приклучок за струја ќе трае околу 4 часа.

Може да се порача како карго верзија (за превоз на товар), како Ami for All, a сега и како Ami Buggy, што би требало да му внесе на овој мини автомобил одредена нишка на авантуризам.

Од официјалното лансирање на Аmi, пред 5 години, досега се продадени околу 75.000 автомобили, за кои веројатно и најголемата атрактивност е што може да се вози без возачка дозвола, од 14 години (онаму каде што е тоа дозволено).

Според луѓето од Цитроен, ова е варијанта што е идеална за градскио метеж, што нуди поголем комфор и безбедност од моторциклите и скутерите, а е подостапен од јавниот транспорт, особено во одредени прградски населби.

Најголем дел од продажбата за Ами се прави онлајн.

Овој мини автомобил е долг 2.41m, има радиус на вртење од само 7.20m и има максимална брзина од 45 km/h.

Цената на Ами, почнува од €7,990.

Реклама