Промени во Aston Martin. Помалку автомобили, поголема заработка

393

Новиот шеф на Aston Marton, Адријан Холмарк носи нова развојна стратегија во брендот, која треба да даде резултат за краток рок од најмногу 18 месеци.

Во интервју за Automotive News, Холмарк изјави дека му делува како неодолива задачата да го направи Aston Martin – одржливо профитабилен.

Оваа задача му успеа на претходното работно место во Bentley.

Холмарк си зададе краток рок, од 12 до 18 месеци да ја подобри финансиската состојба во брендот, давајќи до знаење дека тој нема да брка поголема продажба, туку ќе сака од секој автомобил да заработи повеќе пари.

Тој ја истакнал, како пример, стратегијата на Ferrari кои го ограничуваат производството, се фокусираат на максимален квалитет и ја подобруваат ексклузивноста на своите автомобили. Тоа треба да се случи и во Aston Martin.

Реклама