Nissan исфрли нов SUV во Индија со неодолива цена. Ви личи на нешто?

121

Новиот SUV кој Nissan го лансираше за Индискиот пазар, личи на еден,друг, ултра популарен SUV особено на нашиот, Европски континент.

Секако, се работи за Duster, кој доаѓа од истата автомобилска групација – Renault-Nissan-Mitsubishi Group.

Секако, во поглед на дизајнот, на моделот Tekton нее само залепено логото Nissan. Направени се одредени дизајнерски прилагодувања, карактеристични за Јапонскиот бренд.

На предниот дел е поставена голема маска, LED дневни светла, поголем браник и храбро е поставено името на автомобилот Tekton.

Логично, користена е платформата “CMF-B”, а моделите ќе бдат опремени со 1,0 литарски трицилиндричен турбо мотор и 1,3 литарски турбо мотор со 165коњски сили, мотори познати од Француско-Јапонската Групација.

Менувачот ќе биде шестостепен мануелен или шестостепен автоматски со двојна спојка.

Во ентериерот, логично, екран чувствителен на допир со големина од 10.25 инчи и бројни системи за конективност и забава.

А цената?

Поефтино од моделот Duster на своите пазари – само 9.610 евра!

Реклама