Нов тренд во јавните тоалети?

202

Австриската компанија која ги одржува авто патиштата – Asfinag, сѐ почесто на одморалиштата покрај јавните паркинзи започна да поставува јавни тоалети кои се опремени со веќе заборавените “чучавци”, наместо шољи.

Според нив, овие тоалети (дупки во подот) се многу похигиенски бидејќи кај нив корисникот не доаѓа во контакт со можни бактерии и микроорганизми од седлото на тоалетот.

Дополнително, ваквите тоалети полесно се чистат и одржуваат, а и се помалку ранливи на вандализам.

Во последните неколку децении, чучавците излегоа од употреба, главно бидејќи некои корисници не можат да останат подолго време во бараната позиција, може да ги оптоваруваат нивните мускули, а и доколку не се чистат редовно, може да изгледаат морбидно.

Реклама