Премиера на Morgan Supersport

333

Morgan е автомобилска компанија од Островот, која постои од 1910 година и е позната по модели кои го чуваат духот на времето.

Од нејзиниот возен парк, излегува новиот flagship модел – Supersport, кој делува како олдтајмер, но е исклучително модерен и спакуван од премиум материјали и системи.

Новиот Supersport е базиран на алуминиумската CXV платформа која е полесна и поцврста.

Ентериерот е спартански, и веројатно кокетира со сите оние клиенти кои се фанови на традиционалниот автомобилски дух и не ги сакаат новите модерни решенија, во кои купувањето на нов автомобил почнува од инфотејнмент системот, екранот осетлив на допир, апликациите…

За моторот на овој топ модел се грижи BMW B58 шестцилиндерски TwinPower Turbo бензинец со 335 коњски сили.

Реклама