Продолжува ерозијата на брендот Tesla

295

Откако влезе во Администратијата на Трамп, Илон Маск, продолжува да се соочува со сериозни проблеми.

На домашно тло, Tesla е неколку месеци континуирана мета на опозиционерите, на кои не им се допаѓаат контроверзните активности на нејзиниот сопственик и директор (CEO) – Маск. Против Tesla се мобилизираше и сериозна група граѓани кои сметаат дека со своите постапки во посебниот оддел за eфективност на администрацијата на САД, Маск е директно одговорен за масовни отпуштања на граѓаните.

Сето тоа предизвика пад на продажбата и пад на цената на акциите.

Новиот проблем со кој се соочи Тesla, е падот и на цената на користените Tesla автомобили.

Taка на пример, користените автомобили од моделот Model Y на Tesla, само годинава загубил во просек по 6.000 долари.

А од 2023 година, вредноста паднала за дури 20.000 долари.

Постојат и објeктивни причини зошто е толку сериозен падот на вредноста на користените возила на Tesla, a тоа се честите и огромни попусти кои компанијата ги дава за своите нови автомобили.

Реклама