Fiat продава повеќе 500е модели во Канада отколку во САД

173

Според последните статистички показатели, FIAT, во првиот квартал од 2026 година во Канада успеал да продаде повеќе од 1.200 примероци oд моделот 500е.

Во истиот период, на територијата на САД се продадени одвај 68 автомобили со значката 500е, што претставува пад на продажбата на електричниот Fiat за 85%, споредено со истиот период лани.

Од друга страна продажбата на Фиат 500е во Канада, во првиот квартал од 2026 година изнесуваше 1.287 возила, пораст за 72% во споредба со истиот период во 2025, кога бројката на продадени примероци изнесуваше 749.

Дополнително, треба да се напомене дека Американците, очигледно не го сакаат Италијанскиот бренд, бидејќи во целиот квартал од оваа година продадоа вкупно 155 возила.

Реклама