Колку литри гориво ви остануваат на “резерва”

325

Во нашата средина и во време на беспарица, на многу возачи често им се случува да го возат автомобилот “на резерва”, а кога сијаличката ќе се запали, започнува стравот дали горивото ќе издржи до следната бензинска пумпа, или ќе мора да викаат пријател на помош.

Ако некогаш сте се прашале, колку литри гориво остануваат во вашиот резервоар кога ќе се запали сијаличката за гориво, што сигнализира дека резервоарот е речиси празен, со многу едноставен експеримент можете и самите да дојдете до тој податок.

Веднаш кога ќе се запали сијаличката, одете на бензинска и дополнете го резервоарот “до даска”.

Од вкупниот капацитет на резервоарот за гориво, податок кој ќе го најдете во упатството за употреба, одземете го бројот на литри кои сте ги натанкале на безинската пумпа (пример – ако капацитетот е 50 литри, а сте ставиле на бензинската пумпа 45 литри, тоа значи дека на резерва, во вашето возило имате 5 литри).

Сосема друго е прашањето, колку километри можете да пројдете со измерената резерва.

Километрите зависат од возилото, просечната потрошувачка, начинот на кој се вози, надворешната температура, дали е вклучена клима или не…

Во нормални услови, кога ќе се запали сијаличката за гориво, би требало да имате можност да пројдете уште околу 50 километри, додека да стигнете до следната бензинска пумпа.

Реклама