Познатата компанија AMS Osram, понуди специјално предупредувачко светло на батерии, кое може да се активира во случај на дефект на возилото или сообраќајна незгода.
Светлото емитува предупредувачка, трепкачка портокалова светлина, и може да се користи како додаток на предупредувачкиот триаголник.
Светлината ја даваат 10 LED сијалички, кои се доволно силни и дење и ноќе.
Кутијата е отпорна на вода, ветер, удар и прашина, а нејзината магнетна основа, дава можност да се залепи на самото возило.
Уредот има и интегриранa SIM картичка, која емитира безбедносна информација, која пак оди во безбедносни системи за опасност во сообраќајот, и се емитува како потенцијална опасност.
Уредот LED Guardian Road Flare Signal V16 IoT на AMS Osram, е особено корисен на автопат, и им дава можност на возачот и сопатниците во случај на дефект, да останат во своето возило и да ја почекаат помошта на пат.














