Американскиот производител на автомобили FORD, мора да исплати неверојатно висока оштета од 2,5 милијарди долари, бидејќи судот утврдил дека компанијата е виновна за сообраќајната незгода со смртни последици на еден брачен пар во Џорџија, во 2022 година.
Во таа кoбна сообраќајна незгода, сопружниците Херман и Дебра Милс, го загубиле животот кога нивниот Ford F-250 се превртел и се забил во цевка скриена во тревата, покрај патот.
Пикапот летал во воздухот околу 25 метри, по што превртен на кров се удрил во цевката.
Несреќната жена го загубила животот на лице место, а нејзиниот сопруг кој бил префрлен во болница им подлегнал на повредите девет дена подоцна.
Судот утврдил дека причина за смртните последици се лошо конструираниот покрив, кој бил премек и недоволно добро направен за да го амортизира ударот, а со тоа и да спречи епилог со смртни последици.
На оваа одлука се жалеле адвокатите на FORD според кои жената починала како резултат на срцев удар, кој дефакто бил и главната причина за нереќата, како и за тоа дека пресудата и барањето за финансиска оштета е драконско.
Како и да е, очигледно е дека компанијата ќе мора да ги створи овие 2,5 милијарди долари, во година во која ионака на FORD не му цветаат рози.














