Работниците во Hyundai почнуваат штрајк!

210

Работниците во Корејскиот производител на автомобили, Hyundai објавија дека започнуваат штрајк.

Штрајкот ќе биде во Азиски стил, и нема целосно да го запре производството, туку вработените ќе ги напуштаат своите работни места неколку денови и неколку часови порано.

Иако најавениот штрајк нема да значи целосен прекин на работата, сепак производните менаџери во Хјундаи, сметаат дека оваа одлука на работниците може да предизвика огромни последици за брендот и бизнисот.

Прво, најголемиот дел од производството, повеќе од 50% во Хјундаи, се прави во Кореја, што значи дека губењето на неколку работни часови, директно може да се одразина недостаток на возила за светскиот пазар, а тоа секако може да предизвика загуба на пари, промет и профит и да предизвика штети кои компанијата нема намера да ги покрива од своите средства.

Работниците генерално се залагаат за повисоки плати, за учество во профитот на компанијата.

Ако може работниците да учествуваат во поделба на профитот во технолошките компании, според нивната логика, нема зошто и работниците на производните ленти за возила, да не учествуваат во делење на профитот што го создава нивната компанија.

Исто така, делумно, овој штрајк се организира и да се заштитат работниците и нивните примања, по објавата дека Хјундаи сериозно размислува да ги “фрли” во погон во Американските фабрики, хуманоидните роботи Аtlas, од технолошката компанија Boston Dynamics која е во целосна сопственост на Хјундаи.

Овој процес интензивно се турка и во другите производители како што се Tesla, Mercedes-Benz, BMW, Toyota, Mitsubishi, BYD…

Сите сигнали укажуваат дека автоматизацијата и роботизацијата е неизбежен процес кој несомнено ќе предизвика голем бран на отпуштања и притисок врз цената на трудот.

Дополнително, овие роботи, веројатно ќе им го олеснат животот и на менаџерите во авто компаниите, бидејќи нема да се здружуваат и да организираат штрајкови… барем додека и самите не станат “свесни” за вредноста на својата работа.

Реклама