Половина од возачите на камион ги исклучуваат системите за асистенција

118

Последната студија на Советот за безбедност на Патиштата во Германија (DVR), покажала дека половина од професионалните возачи на камиони ги исклучуваат системите за асистенција при возењето.

Во анкетата направена на примерок од 507 возачи, 59 % од возачите изјавиле дека не ги користат системите за асистенција континуирано, 19% често деактивираат одредени системи, 40% од време на време ја исклучуваат техничката поддршка.

Најчесто (56% од испитаниците) го деактивираат системот за одржување на возилото во коловозната лента.

Околу 16% не го користат интелигентниот асистен за одржување на брзина, а околу 15% не го користат адаптивниот темпомат (круз контрол).

Кко што велат од (DVR), свесното исклучување на системите за асистенција во возењето е свесно зголемување на сопствената, но и на безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Според нив користењето на овие системи спасуваат животи и мора да бидат задолжителни во сите фази, од полагањето на испитот за добивање возачка дозвола до секојдневната употреба.

Реклама