Очигледно е дека вештачката интелигенција ставена во функција на безбедноста во сообраќајот рапидно напредува и наскоро, секој наш прекршок ќе биде регистриран и казнет.
Неодамна во Мисисипи, САД, е ставена во функција специјална камера која може да ги регистрира и фотографира возилата кои се движат со брзина до 300 km/h.
Покрај регистрираниот прекршок за надминување на дозволената брзина, оваа камера ќе може да регистрира и други прекршоци, како што се пишувањето SMS или електронски пораки на паметните телефони, или држењето на дете во раце, без соодветно детско седиште.

Системот е составен од софистицирани камери поставени на приколки, кои се позиционираат на места на кои често се случуваат сообраќајни незгоди, а откако прекршокотќе биде регистриран од камерата, фотографијата пристигнува кај најблиските службеници кои имаат задача да го пресретнат возилото кое го прави прекршокот и да ја потврдат казната.
Како и за останатите работи поврзани со проектите од типот “Безбеден град” мислењата се поделени. Едни се среќни поради воведувањето на овие системи, очекувајќи истите да ја зголемат безбедноста во сообраќајот, додека други се загрижени за се’ поагресивната “инвазија на приватноста” во која државата го следи секој чекор на своите граѓани и вод кон апсолутна електронска контрола на нивните постапкии движења.














