Трамп попушта. Царините за автомобили од Велика Британија намалени на 10%

96

Според последните информации, Доналд Трамп, токму со Велика Британија, почна да попушта со царините и започна да склучува трговски договори, во кои тарифите ги намалува на разумно ниво.

Се чини дека “Денот на Ослободување на Америка”, како што Доналд Трамп симболично го нарече моментот кога на светот му испорача шокантно високи царини, беше само еден голем “блеф” и градење почетна позиција од која понатаму ќе се водат интензивни трговски преговори.

Според последните информации, царините за автомобилите и резервните делови произведени во Велика Британија од 25% се намалуваат на разумни 10%.

Потег кој е поздравен од британската, светската, но и домашната јавност и индустрија, која исто така не беше подготвена да ги зголеми своите трошоци за производство, купувајќи делови произведени во странство.

Многу е веројатно, а веќе се шпекулира и која ќе биде следната земја која Трамп ќе ја “олабави” со царините.

Реклама