Oвој ѕвер има 1.000 коњски сили!

679

Веројатно не го ни знаете името на овој бренд, но новиот хипер електричен автомобил под името Speirling Pure, е напукан со 1.000 коњски сили и е спремен за да се натпреварува на тркачка патека.

Брендот McMurtry е одговорен за овој спортски автомобил долг 2,2 метри, кој официјално ќе започне да се произведува.

Батеријата има капацитет од 100 kWh, дизајнирана е комплетно од McMurtry,и има нови Helix електрични мотори поставени на задната оска кои комбинирано создаваат моќност од 1.000 коњски сили, кој забрзува од 0-100 km/h за само 1,55 секунди и постигнува максимална брзина од 306 km/h! 

Системот за ладење е поместен од задниот во предниот дел, а повратокот на енергија идостигнува до 200 kW.

Интересно е да се спомене дека гумите се слик, од Michelin и имаат животен век од само 175 километри на тркачката патека, додека батеријата по 10.000 километри тестирање на тркачката стаза загубила само 4,5% од својот капацитет.

Реклама