Кризата отвара многу рани и ги мотивира менаџерите да размислуваат креативно и да ги корегираат своите грешки.
Така е и во Германскиот гигант AUDI, во кој, е донесена одлука дека фомулата “глобален” автомобил кој ќе им се допаѓа на сите, повеќе не функционира.
Пазарите веќе се сериозно диференцирани, а клиентите во секоја земја имаат свои специфични барања.

Како типичен пример се наведуваат копчињата. Според Рувен Мор, техничкиот директор на Ауди, еден ист автомобил не може да им се допаѓа на клиентите во Европа, Кина и Северна Америка.
Додека во Кина, клиентите повеќе сакаат команди на дисплејот, во Европа, возачите повеќе сакаат копчиња на воланот, централната конзола.

Токму затоа, Ауди, за Кинескиот пазар, заедно со локалниот гигант SAIC го креираше својот посебен бренд AUDI, кој не ги содржи препознатливите концентрични прстени во маската, и кој создава автомобили кои се специфично дизајнирани и направени за Кинескиот пазар и Кинеските купувачи.
Напуштањето на концептот за “глобален” автомобил, носи уште една предност, а тоа е побрзиот технолошки развој на моделите. Сега Audi, може да ги создава новите возила со “Kинеска” брзина.














