Oвој електричен автомобил чини околу 7.000 евра!

1241

Станува збор за минијатурниот автомобил VF2 на Виетнамската компанија Vin Fast, за кој се најавува дека може да пристигне и на европскиот пазар.

Со своите димензии – должина 3,09 метри, широчина 1,5 метри, височина 1,66 метри и меѓуоскино растојание 2,06 метри, ова мини урбано возило треба да “плива” во сегментот на Fiat Topolino и Citroen Ami и да може лесно да се управува и пред се паркира во урбаниот метеж.

Движењето се иницира преку електромотор поставен на задната оска, а мaксималната моќност изнесува 30 kw или 41 коњски сили, со максимална брзина од само 80 km/h.

Kристално е јасно дека од ова возило не можете да очекувате перформанси, туку практичност, домет од сериозни 200 км, доколку најголемиот дел од возењето го минувате во град, економичноста (која ја обезбедува возењето на струја) и секако, цената која во Виетнам изнесува околу 7.200 евра.

Погледнете ја првата епизода на Темпо Магазин, од третата сезона :

Реклама