Tesla Cybercab ќе биде главно наменет за компании и такси оператори?

83

Американскиот бренд на електрични возила Тesla, најави дека своето најново возило Cybercab, кое по дефиниција е навистина револуционерно, ќе го испорача кон крајот на 2026 година.

Во минатите месеци Маск, најавуваше дека овој нов автомобил со две седишта, без педали и со развиен систем за автономно возење (без возач) ќе може да го купуваат и физички лица и тоа по цена од 25.000 до 30.000 долари.

Сепак, се чини дека овој автомобил, најверојатно ќе се фокусира на компаниите и на такси операторите, особено имајќи предвид дека возилото сеуште нема добиено сертификација како целосно автономно возило Ниво 5.

Уште еден сигнал наведува на тоа дека Тесла не смета премногу на приватните купувачи, а тоа е дека во возилото не е вграден AC полнач (за полнење на батеријата на домашен полнач).

Како и да е, светот со должно внимание го следи развојот на Теsla Cybercab.

Реклама