На социјалните мрежи се појави вирално видео од Калифорнија, во кое се гледа интересна “борба” помеѓу возачот на едно Порше Панамера и камион за влечење “пајак”.
Моќниот мотор и погонот на сите тркала, му помогнаа на Поршето да извојува кратка победа, но сеуште не е потврдено дали е возилото најдено, одземено, а возачот казнет…
Она што е сигурно, тоа е дека во оваа операција германскиот автомобил доби неколку сериозни повреди, неколку делови останаа на патот а и браникот веројатно ќе треба да добие сериозни козметички третман, но возачот веројатно ќе има можност уште некое време да се дружи со својот миленик на четири тркала, додека повторно не го натоварат и запленат банките, лизинг компаниите или доверителите…












