Oва е омилениот автомобил на Луис Хамилтон

402

Четириесетгодишниот F1 возач, Луис Хамилтон, кој по 12 години минати во Мерцедес, го смени дресот и влезе во тимот на Ferrari со што направи вистински земјотрес во овој спорт, изјави дека идеалниот за него автомобил е легендарниот модел – Ferrari 250 GT California Spyder.

“Тоа е автомобилот со кој би сакал да се пензионирам.” – изјави Хамилтон за Тајм.

Во овој класичен кабриолет, тој може да се замисли како крстари заедно со неговиот булдог.

Овој автомобил се произведуваше во периодот од 1957 до 1963 година, а во светот има само 106 примероци од овој автомобил.

Во 2015 година, на аукција, примерокот на овој автомобил кој му припаѓал на славниот Француски актер Ален Делон, бил продаден за 16,3 милиони евра.

Ако се земе предвид фактот дека со новиот договор Хамилтон заработува по 50 милиони евра од сезона, веројатно, не би му било проблем да ја издвои наведената сума и да го вози својот автомобил од соништата.

Реклама