Со вкупно продадени 134,635 моторцикли во 2024 година, Британскиот бренд за прв пат во својата 122 годишна историја, ја надмина бројката на 100.000 продадени моторцикли во светот и оствари пораст на продажбата во споредба со претходната година за 64%!

Во моментов, Triumph се продава преку 950 дилери распростанети во 68 земји во светот.
Порастот на продажбата на моторциклите Triumph, се бележи речиси во сите земји, а најголем пораст во 2024 година беше остварен во Индија каде беа продадени 29,736 мотори. Продажбата се зголеми и во пазарите во Америка за 44%, Азија (30%), Европа (18%).
Стариот континент и понатаму останува најголемиот пазар за Triumph.
За своите партнери, Triumph ја прошири својата понуда и со комплетен постпродажен пакет – Triumph Performance Lubricants (моторни масла и подмачкувачи), облека и опрема со кои е остварен рекорден промет во 2024 година.
Нови модели во 2024 година
Како одговор на се поголемата побарувачка на мали мотрцикли, Triumph ги лансираше – 400cc Triumph Speed 400 и Scrambler 400 X, кои пристигнаа во дилерствата на почетокот од 2024 година.
Тriumph за првпат влезе и во моторкрос сегментот со TF 250-X, моторцикл со 250 ccm, следен подоцна и со TF 450-RC Edition со зафатнина на моторот од 450 ccm.

Во дилерствата се појави и сосема новиот Daytona 660, а направени беа и повеќе освежувања на постоечката гама на моторцикли.
Новитети и во 2025
Компанијата најавува динамична 2025 година со новиот Tiger Sport 800 кој треба да почне да се продава во март 2025 година.
Се очекува и лансирањето на новиот Speed Twin 1200 RS, како и повеќе освежувања на моделите, што треба да е доволно за уште една успешна деловна година.














