Новиот Кинески хечбек во “ергелата” на Стелантис

707

Кинеската компанија Leapmotor, која од неодамна стана официјален партнер и дел од Групацијата Стелантис која под својата капа ги има и брендовите – Пежо, Ситроен, Опел, Алфа Ромео, Фиат, Џип, Масерати… исфрли нов компактен автомобил на струја, под името Leapmotor B05.

И овој хечбек, не ја крие својата намера да им конкурира на познатите европски модели на струја Volkswagen ID 3 Neo и Renault Megane.

За тоа има и еден основен адут, а тоа е секако цената која во Европа почнува од околу 26.900 евра.

Погонот на овој спортски хечбек со 5 врати и должина од околу 4,4 метри,  го сочинува еден електричен мотор поставен одзади со распределба на тежината во пропорција 50:50.

Опремен е со 19 инчни аеродинамични алуминиумски тркала, а тука се вратите без рамки и црните лајсни по страните и кровот кои му додаваат нишка спортски карактер на автомобилот.

Можете да изберете пет различни бои на каросеријата, од кои Липмотор, се чини деа ја преферира оваа бледо жолта боја.

Во ентериерот, автомобилот делува некако сиво. Што е веројатно и логишно ако се види дека доминираат црнта и сивата боја.

Седиштата се подесиви и комфорни, со меки перничиња кои се опшиени во вешачка кожа.

Инфотејнментот е прилично голем, располага со екран чувствителен на допир со големина од 14.6 инчи, но и релативно мал инструмент кластер од 8,8 инчи, во LCD технологија.

Тие се прецизни, јасни, прегледни и лесни за користење, а овозможуваат и лесно интегрирање со модерните паметни телефони.

Во задниот дел се седи прилично комфорно, а за багажн простор се оставени, скромни за класата 345 литри багажен простор (или волумен).

Она што исто така, не ни се допаѓа е тоа што моделот нема бришач на задното стакло.

Овој автомобил не е креиран за да извлече сериозни спортски перформанси.

Има моќност од 218 коњски сили (160 kW) и вртежен момент од 240 Nm, а од 0 до 100 km/h забрзува за  6.7 секунди.

Во поглед на батеријата, истата ја користи новата технологија Cell-to-Chassis (CTC), со која батеријата не е насадена, туку истата се интегрира директно во структурата на автомобилот.

Може да се избере содве варијанти на батеријата, со капацитет од 56.2 kWh која нуди автономија на струја до 401 km според WLTP циклусот и батерија со капацитет од 67.1 kWh со автономија до  482 km .

Батеријата од 30% до 80% на брз полнач може да се наполни за околу 17 минути.

Инаку, моделот е исто така опремен со 21 АDAS системи (системи за асистенција на возачот) поддржани од 14 сензори и камери, 7 воздушни перничиња, и многу елементи на активната и пасивна безбедност.

Имајќи предвид дека Стелантис на својот Кинески партнер Leapmotor, му ја става на располагање својата Европска инфраструктура и сериозна постпродажна мрежа, можеме да очекуваме дека овој модел, и воопшто брендот, сериозно ќе се замешаат на европскиот автомобилски пазар.

Реклама