Ова е автомобилот продаден за 52 милиони евра

177

Овој легендарен модел на Mercedes, W 196 Stromlinienwagen од 1954 година, на аукцијата на RM Sotheby која се одржа во музејот на Mercedes-Benz во Штутгарт, постигна цена од фантастични 51,2 милиони евра.

Со тоа, овој модел, кој својата премиера на тркачките патеки ја имаше во 1955 година, е вториот по вредност автомобил продаден на една аукција.

Mercedes

А на првото место, се наоѓа уште еден автомобил на Mercedes, моделот 300 SLR Uhlenhaut Coupe кој во 2022 година оствари аукциска цена од сеуште недопирливи 143 милиони долари.

Продадениот автомобил со бројот на шасија – 00009/54 е еден од само четирите преостанати модели W196 R .

Реклама