Oпасно добра, реставрирана Miura

58

Во периодот од 16-19 ти Април оваа година, во престолнината на Италија, блескавиот Рим се одржа првата едиција на Anantara Concorso Roma, специјален интернационален евент, под работното име “La Dolce Vita delle automobile”.

На настанот првенствено беа изложени класични автомобили, а учество земаа многу колектори и автомобилски ентузијасти од целиот свет.

Сосема очекувано, ваков настан не може да помине без учество на спортската гордост на Италија, Ламборгини кој ја претстави својата последна реставрација.

Изложен беше моделот Miura SV од 1972 година, на кој беше работено три години, преку длабоко истражување на дивизијата Lamborghini Polo Storico, одделот посветен на традиционалните модели.

Покрај овој модел, компанијата Automobili Lamborghini, беше претставена со уште три историски модели, донесени од страна на сопствениците на овие богатства на тркала.

Присутен беше моделот – Countach 25th Anniversary и специјална Miura P400, која ја знаеме од нејзиното учество во филмот Италијанска Работа од 1969 година, која патем доби и прво место во својата класа и специјална награда.

Преку процесот на реставрација изложената Miura SV беше доведена до својот оригинален идентитет, а се направи и сериозна заштита и зголемување на нејзината вредност.

Реставрираниот примерок, кој инаку, пристигнал во седиштето на Ламборгини во 2023 година во конфигурација која не била соодветна со оригиналните спецификации, бил предмет на сериозно проучување, анализа на документите и длабински процес на реставрација во кој секој мал детал бил анализиран и вратен во коректната конфигурација.

Звршниот продукт, по три години од стартот, беше изложен, окму  на настанот во Рим од страна на Lamborghini Polo Storico и претставен пред сериозна група на новинари, клиенти и ентузијасти.

Aко ве интересира, на следнит линк можете да прочитате повеќе за легендарната, спортска Lamborghini Miura.

Реклама