Канцеларот Мерц, контра планот на ЕУ

125

Според последниот план на Европската Унија, рент а кар компаниите и големите флотни купувачи, кои во моментов сочинуваат околу 60% од вкупната продажба на нови возила, од 2030 година ќе можат и смеат да купуваат само возила на струја!

Германскиот Канцелар Фридрих Мерц, во врска со ова, изјави дека апсолутно не се согласува со овој план.

Напротив, според него, ваквиот закон дополнително би ја дотолчил автомобилската индустрија, која се наоѓа во сериозна криза последната деценија.

Тој категорично го одби планот на Европската Комисија за дополнително забрзување на процесот на трансформација, со кој иницијално требаше да се забрани прооизводството и продажба на возила со мотори со внатрешно согорување од 2035 година.

Тој смета дека итно треба да се запре на имплементација на нови технологии за кои можеби пазарот и државите не се подготвени, а кои може сериозно да ја оштетат авто индустријата, која претставува еден од најзначајните столбови на економијата на ЕУ.

Реклама