Oчајни резултати и за Cybertruck на Tesla

157

Aмериканска Tesla на Илон Маск, продолжува да тоне во живиот песок, кој веројатно, најмногу се должи на политичкиот активизам на извршниот директор.

Иако продажбата на електрични возила во светот расте, продажбата на сите модели на Tesla сериозно опаѓа, а во тоа сивило одлично се вклопува и најголемиот во палетата – Cybertruck.

Според последните извештаи, продажбата на Cybertruck, се движи околу 5.000 единици квартално.

Со ваква динамика, до крајот на годината би се продале околу 20.000 возила, што ако се спореди со планот позициониран на 250.000 возила годишно, е во најмала рака, ужасно потфрлање.

Реклама