Waymo плаќа 127,5% царина за увоз на кинески возила во својата флота

414

Со своите царини, Американскиот претседател, Доналд Трамп, направи дар-мар во автомобилската индустрија.

Но покрај европските и Кинески производители на автомобили, настрадаа и домашните компании.

Една од нив е и компанијата за робо-такси Waymo, која како резултат на воведените царини, плаќа царина во вредност од 127,5% од вредноста на Кинеските автомобили кои ги увезува за потребите на својата флота.

Со тоа, автомобилот на Zeekr – Ojai кој чини околу 38,000 долари, ги чини околу 86.500 долари!

На ова подоцна се додава и специјален хардверски и софтверски пакет на Factor, со што цената на возилото се качува над 100.000 долари.

Па сепак, овие непредвидени трошоци не се доволни за Wayno да се откаже од соработката со Zeekr. Напротив околу 3.200 примероци од ова робо-такси, веќе се увезени во Америка и се подготвуваат за активација.

Една од причините поради кои Wayno му останува верен на Zeekr, веројатно е фактот дека единствена алтернатива во проектот останува Jaguar I-Pac, кој компанијата би ја чинел двојно – околу 200.000 долари !

Се додека не се најде друга алтернатива, очигледно овој проект, добро го полни буџетот на Администрацијата на Трамп.

Реклама