И Кинескиот бренд на автомобили BYD реши да лансира “помодерен” бренд, под името Denza, a заедно со него, во Европа праќа 3.000 супер брзи полначи на струја, кои треба да направат вистинска револуција во брзината на дополнување енергија кај возилата.

Новите полначи се викаат BYD Flash Charge и тие испорачуваат до 1,500 kW енергија, што истовремено ќе претставува и најбрза станица за полнење во Европа.
Дополнително, овие полначи нема да бидат затворени само за возилата на BYD, туку на нив ќе може да се дополнуваат сите автомобили со CCS2 конекција.

BYD вели дека со овие полначи, компактните автомобили од 10 до 70% од капацитетот на батеријата ќе може да се дополнуваат за само 5 минути!

Првите автомобили од брендот Denza кои ќе дојдат во Европа, се спортскиот, shooting brake, целосно електричен модел Z9GT со капацитет од 123 kWh.
Вториот е миниван, со името D9 DM-i со батерија 58.5 kWh што ќе испорача моќност од 559 kW.















