Според последните безбедносни тестирања на EuroNcap, актуелните модели на MINI од гамата на електрични автомобили – MINI Cooper E, MINI Cooper SE и MINI Cooper JCW E покажаа максимални резултати на креш тестот за безбедност.
Еuro Ncap тестирањата имаат една цел која го носи називот – “Vision Zero”, според која авто индустријата треба да се стреми кон состојба во која на авто патиштата ќе владее состојба на НУЛА (Zero) човечки жртви.
Токму затоа, институтот во континуитет ги зајакнува своите стандарди.
Зајакнати се критериумите за заштита на пешаците и на велосипедистите, проширени се сценаријата за тестирање на активната и пасивна безбедност.
Во овие услови Euro NCAP (European New Car Assessment Programme) – Програмата за Проценка на Нови возила, на електричните модели на MINI им беа доделени максимални 5 ѕвездички за безбедност.














