Нов Mercedes-Benz GLB

735

За  производителот на луксузни автомобили од Штутгарт, Mercedes-Benz, oваа година, очигледно ќе биде исполнета со новитети, нови генерации на автомобили и сериозни освежувања.

По големата промоција на 4 нови SUV модели во Соединетите Американски Држави, дојде време за премиера и на нашот континент.

преку специјален евент со тест возење во Мајорка, Шпанија, овој април, на меѓународната јавност и беше претставен новиот, компактен SUV, Mercedes-Benz GLB.

Мерцедес GLB е модел кој е интелигентно креиран да обезбеди простор за пет или 7 патници и кој треба да понуди одличи перформанси на патот и надвор од него и без никаков проблем да влече приколка зад себе.

Во понудата на ГЛБ веќе се достапни три целосно електрични модели.

Основнит модел GLB 200 со моќност од 165 kW.

Втор во понудата е моделот  GLB 250+  со моќност од 200 кw и домет до 631 километри во WLTP циклусот.

И третиот модел има спортски својства, моќност од 260 кw и го носи името GLB 350 4MATIC.

Моделите GLB 250+  и GLB 350 4MATIC, како резултат на 800 волтната структура може да се дополнат со домет до 260 километри за само 10 минути.

По електричните, следуваат и моделите со хај-тек хибридни мотори, коисе веќе достапни за порачка од средината на Март, 2026 година. Кај нив е вграден нов, четири цилиндерски мотор созафатнина од 1,5 литри, со три мочности – 100 kw, 120 kw и 140 kw со погон на предните или на сите тркала .

Цената на овие хибридни автомобили почнува во Германија нешто под 47.000 евра

Инаку, може да се нотира дека во новата генерација на GLB има сериозно поголем простор за главите во рвите два реда, што доаѓа како резултат на СУВ кровната линија и панорамскиот кров кој доаѓа како стандардна опрема.

Повеќе простор за нозете  имаат и патниците во вториот ред, а во багажникот има место за 540 литри багаж во верзијата со 5 и 480 литри за онаа со седум седишта.

Овие перформаси го прават новиот GLB идеален семеен SUV, кој покрај урбаните патишта одлично се снаоѓа и надвор од патото, особено со 4 Matic моделите како кои електро моторот на предната оска се вклучува секогаш кога тоа е потребно. Кај моделите со огон на ситетркала постои итн Terrain Mode програма со која возилото најдобро се снаоѓа на земјени и нерамни патишта.

Интересна е и функцијата “Transparent Bonnet” или проѕирна хаубакоја дава виртуелен поглед под целото возило што го прави маневрирањето на лош терен исклучително лесно.

Сосема логично, во возила од овој тип ќе најдете огромен број на системи за асистенција на возачот, кои ги користат осумте камери, пет радарски сензори, 12 ултрасонични сензори и комјутер со водено ладење со доволни резерви на моќ за идни функции и овер д ер апдејти.

Ентериерот го има новиот радикално изменет дизајн со новиот инфотјнмент  MBUX Superscreen кој се грижи за максимално информирање и забава на возачот и патниците.

Зад неговата голема стаклена површина се сместени 10,25 инчниот екран за возачот, 14 инчниот централен екран и уште еден 14 инчен екран за совозачот.

За повеќе информации или едноставно забавна комункација вотекот на возењето може да се грижи виртуелниот асистент базиран на ChatGPT4o кој во живо пребарува на интернет и ве храни со секоја потребна информацја. А багодарение на Google Gemini, виртуелниот асистент може да ви одговори прецизно се што ве интересира за навигацијата и препорачаните рути, кои инаку ги обезбедува Google Maps.

Реклама