Амбициозните Кинези сакаат да ја симнат Тојота од тронот

223

Кинескиот бренд BYD во моментов е еден од најагресивните производители на автомобили во светот.

Само минатата година BYD продаде 4,6 милиони автомобили во светот, и со тоа се најде на високото шесто место.

Ако му се верува на Ванг Чуанфу, Претседателот на BYD, брендот си поставува нова, уште поамбициозна цел, а тоа е до крајот на деценијата да стане најголемиот производител на автомобили во светот.

За тоа да стане реалност, компанијата би требала да напредува со огромна стапка, бидејќи истата, мината, 2025 година Тојота Групацијата продаде околу 11,2 милиони возила, а само Тојота – 9,6 милиони возила.

Како што изјави Чуанфу, тоа е и една од главните причини поради кои BYD сериозно инвестира во развој на хибридната технологија со треба да се нападнат европските и светски пазари во кои тешко се пробиваат возилата на електрична енергија.

Исто така, за остварување на целта, компанијата мора да освои дополнителни пазари на кои би ги пласирала своите возила и од една од најбрзо растечките да се трансформира и во најголемата компанија за производство на автомобили во светот.

Реклама