Колку повици за помош на пат во 2025, добил ADAC во Германија?

161
Фото - ADAC

Според официјалните податоци на ADAC, бројот на повици за помош на пат во Германија, во 2025 година, пораснал за околу 60.000 повици.

Германскиот Авто Клуб (ADAC) регистрирал точно 3,691,813 повици во 2025 година, што е за 1,6 проценти повеќе од 2024 година. Вработените во ADAC пресметале дека повик за помош на пат пристигнувал на секои девет секунди!

Овој просек бил нарушен на 29 Декември, 2025 година, кога повици во ADAC пристигнувале на секои 5 секунди. Месецот пак, со најмногу повици бил Јануари со 356,847 повици и интервенции.

Според ADAC (German Automobile Club), најчести проблеми за кои се бара помош се проблемите со стартување на акумулаторот (45.4 проценти) и дефекти со палење, стартување и моторни компоненти (21.8 проценти).

Бројот на интервенции кај електрични возила пораснал на 50,445, споредено со 43.678 повици, претходната година. Слична е ситуацијата и со хибридните возила кај кои е зголем бројот на интервенции за 13%.

Реклама