Нов Harley за 10.000 долари!

351

Американскиот легендарен производител на моторцикли, кој се соочува со сериозни финансиски проблеми оваа година објави дека ја симнува цената на моделот HARLEY-DAVIDSON NIGHTSTER® на 10.000 долари.

Моторот има висина на седиштето од 27 инчи, спуштен центар на гравитација и тесен профил, што го прави лесен за возење за нови и искусни моторциклисти.

Фото – Harley Davidson

Моторот е со водено ладење – Revolution® Max 975T V-Twin, и тјунирано за да произведе силен вртежен момент и возбудливо забрзување.

Реклама