Кој е рокот на траење на метлиците за бришење

98

Веројатно нема потреба да пишуваме за тоа колку е значајно метлиците за бришење на стаклото да бидат исправни и функционални.

Но, веројатно сте се прашале, дали метлиците имаат рок на траење и колкав е тој.

Според експертите од ADAC, метлиците на вашите бришачи имаат максимален рок на траење од 24 месеци, по што задолжително мора да се сменат.

Промената на метлиците се препорачува, затоа што материјалот (гумата) од која бришачите се направени, со тек на времето се менува, станува потврд и како таков не ја брише соодветно водата од стаклата, туку само ја размачкува.

Ако имате метлици од непознати производители, со ниска цена, веројатно рокот на траење ќе биде уште помал.

Метлиците може и предвреме да го отслужат своето, ако бришачите ги користите да го отстранат снегот и мразот од замрзнатите стакла во зима.

Во секој случај, кога ќе приметите дека бришачите престануваат квалитетно да си ја вршат својата функција, не чекајте и заменете ги со нови.

Од метлиците на пазарот, може да ги препорачаме оние од BOSCH, VALEO, MAGNETI MARELLI…

Реклама