Дали ви треба рачната паркирна сопирачка, кај автоматици

212

Најголемиот број на возачи, кои имаат автоматски менувач, кога ќе го запрат автомобилот, најчесто уфрлаат во модот P (Parking) и потоа го гасат автомобилот.

Дали е тоа доволно?

Не е.. затоа што ако се наоѓате на надолнина или угорница, под притисокот и оптоварувањето, возилото може да попушти и да се слизне по патот.

Затоа, ако не сакате непријатни изненадувања кои може многу да ве чинат, задолжително треба да ја активирате и рачната сопирачка.

Всушност, кога автоматскиот менувач ќе го ставите во положба P, клинот за заклучување мeханички се вклучува во запчаникот на менувачот, по што возилото го држат погонските тркала.

Ако сте на удолнина и сакате да го паркирате возилото, притиснете ја ножната сопирачка. Потоа, уфрлете го менувачот во N (Neutral) и повлечете ја рачната сопирачка. Ако рачната сопирачка е електрична, најчесто ќе слушнете звук на затегнување. Потоа пуштете ја ножната сопирачка, и потоа повторно притиснете ја (така целата маса на возилото ќе премина на рачната сопирачка).

Дури тогаш можете да го уфрлите автоматскиот енувач во позиција P.

Реклама