Промовиран новиот Geely Starray EM-i во Скопје 

376

Во пријатна и неформална средба со пријателите, Делфино Груп, го претставија новиот Супер хибриден Geely Starray EM-i Super Hybrid.

Епицентар на промоцијата беа двата продажни салони (клубови) на Geely и Lynk&Co во Градскиот Парк, непосредно под Северната трибина на Градскиот стадион (Арена – Тоше Проески).

На присутните гости, им се обрати бренд менаџерот Сашо Кочов, кој во кратки црти им ги презентираше основните информации и перформанси на новиот супер хибриден автомобил.

Новиот Starray EM-i е опремен со бензински мотор со зафатнина од 1,5 литри и со електромотор со моќност од 160 kw и вртежен момент од 262 Nm.

Spored WLTP циклусот овој хибриден SUV само на струја може да помине 83 километри, а вкупно со капацитетот на бензинскиот мотор – 943 километри.

За инфотејнмент забавата во автомобилот, задолжен е 15,4 инчен екран чувствителен на допир со онлајн навигација, а за звукот се грижат 16 звучници со појачувач од 1.000 W.

Возилото е опремено со еден куп елементи (попрецизно 14) кои се грижат за асистенција на возачот во патувањата ADAS 2.

Во промотивниот период, на супер хибридот на Geely можете да добиете и специјален попуст од 5.000 евра.

Реклама