Kинески BYD сака да го купи Maserati

237

Не е никаква тајна дека Италијанскиот бренд на луксузни автомобили Maserati го живее веројатно најтешкиот период во својата историја, со огромен пад на продажбата и профитабилноста.

Во последните неколку години се погласни се шпекулациите дека Стелантис, кој и самиот мака мачи со финансиите многу лесно може да го продаде брендот, иако на секое прашање околу иднината на Maserati, менаџерите се едногласни дека брендот не е на продажба.

Интерес за него, последна изјави и Кинеската компанија BYD.

Во едно интервју неговата потпретседателка Стела Ли, изјави дека – да, Масерати звучи многу интересно.

Но дали ова навистина може да се реализира, останува да видиме.

Сосема логично, преку аквизацијата на премиум брендови, Кинеските компании сакаат да се промовираат и влезат полесно наевропскиот пазар, а тука, секако е и можноста да се заобиколат огромните царински давачки во земјите од ЕУ.

Останува да видиме дали се ова само шпекулации, или можеби некој и некаде, веќе има отпочнато разговори на оваа тема.

Реклама