Tјунерската куќа од Емиратите, Venuum, го искористи моментумот на шокираност на фановите од радикалната промена на дизајнот на првиот електричен автомобил на Ферари, и понуди специјален боди кит, со кој се на овој кросовер му се враќа природниот Ферари изглед.

Предниот браник има дополнителни елементи, како што се посебните аеродинамични спојлери. Во долниот дел од вратите се дополнително засилени, а одзади е поставен голем дифузер и спојлер.
Venuum во своите рендери ги избиора стандардните бои на Ферари, посебно истакнувајќи ја црната мат боја.

Mеханички, проектот на Venuum не се разликува од фабричката верзија. Тука се 4 синхрони, перманентно магнетни електрични мотори, по еден нас секое тркало кои остануваат под “контроверзнaта” каросерија на Luce.














