Катастрофа. Течност за стакла во моторното масло

340

На француската facebook фан страна на МINI, беше објавено што ќе се случи, ако во резервоарот за моторно масло, по грешка ставите течност за стакла.

Според приказната на фејсбук страната, на една жена, сопственик на Мини, на инструмент таблата и се запалила сијаличката што сигнализира ниско ниво на течност за стакла.

Побрзала да реагира, купила течност, но петте литри течност за бришење на стаклата, по грешка, ги наточила во резервоарот за моторно масло.

Автомобилот веднаш почнал да испушта син чад од издувот, а она што го затекнале мајсторите во сервис, било вистинска катастрофа.

Очигледно, моторното масло се измешало со течноста и претворило во желатин кој направил огромна штета во моторот.

Реклама