Откако едноставно ги пензионира своите најпродавани модели во Европа – Ka, Mondeo, Fiesta, S-Max, Galaxy а кон крајот на годината ќе го згасне и Focus, на стариот континент, во Европа се појави зрак надеж, за сите дилери и фанови на FORD.
Според Automobilwoche, дилерите добиле информација дека FORD планира да лансира сосема нови модели кои треба да ја пополнат празнината оставена од купчето модели кои беа фрлени под компаниската гилјотина.
Информацијата ја споделил новиот директор Кристоф Хер, откако добил зелено светло од генералниот директор Џим Фарли.
Сосема логично, оваа информација нема да дојде преку ноќ. Потребно е време за развој на нови модели, кои најверојатно нема задолжително да бидат на струја, иако ЕУ сеуште стои на својата одлука дека по 2035 година, нема да дозволува продажба на возила со мотор на внатрешно согорување.
Одлуката на FORD да ги згасне своите најпродавани модели, веројатно се должи на неговата најава, дека компанијата повеќе нема да произведува здодевни автомобили на кои се заработуваат мали пари, туку дека ќе се фокусира само на легендарни модели за кои ќе се зборува, а луѓето ќе им се восхитуваат насекаде во светот.














