Volkswagen “вработува” овци

1048

Спротивно на сите светски трендови во кои се дигитализира и автоматизира речиси се, Volkswagen направи еден необичен потег во својата фабрика во Познан, Полска.

Во оваа фабрика се ангажирани 100 овци, кои во следниот период ќе ги заменат косилките на бензин.

Овците се пуштени на слобода во паркот со 31.000 фотоволтаици, кој во сончеви денови е комплетно доволен за да ги задоволи потребите на фабриката за електрична енергија, а на годишно ниво генерира околу 25% од вкупната потреба на фабриката.

Со овој потег, наместо косилките, до есен, на овој потег, овците ќе може да ја пасат тревата и со тоа да придонесат за намалување на трошоците и за намалување на емисијата на штетни гасови во воздухот.

Покрај горенаведените цели, овој потег на Volkswagen е и дел од проект кој компанијата го работи заедно со Универзитетот во Познан, во кој се тестира влијанието на процесот на пасење на – биодиверзитетот, квалитетот на почвата, растот на вегетацијата, влијанието на сенката која ја создаваат фотоволтаиците, а под која се кријат овците на нивното здравје и ниво на стрес во летните периоди.

Овој проект на крајот е поврзан со терминот агриволтаик, во кој се проучува комплементарнста на двете дисциплини – прибирањето сончева енергија и чувањето добиток.

Реклама